Press "Enter" to skip to content

УКЛО со јавен повик  до студентите од прв, втор и трет циклус студии   за вклучување во активности на Алијансата КОЛОРС

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како прв и единствен македонски универзитет кој е дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, започна со анимирање на студентите на УКЛО за учество во активностите на Алијансата. Имајќи предвид дека студентите, како главни корисници на придобивките што произлегуваат од членството на УКЛО во КОЛОРС, истовремено се и активни чинители во дизајнот, организацијата и спроведувањето на активностите во Алијансата, УСС УКЛО објави Повик до студентите од прв, втор и трет циклус студии кои се заинтересирани за ангажман во различните предизвици што ги нуди Алијансата на европскиот универзитет КОЛОРС, да аплицираат за учество.

Заинтересираните студенти треба добро да го познаваат македонскиот стандарден јазик (говорење, кореспонденција, читање), добро да го познаваат англискиот јазик, да го познаваат Мајкрософт офис (Microsoft Office) и алатките на Гугл (Google), да имаат основно познавање за софтверските алатки за дизајн на слики, видеа, веб-дизајн, програмски јазици (или желба да се научи) и секако са ги познаваат алатките за комбинирана соработка.

Од студентите се очекува да бидат проактивни – самоиницијативно да преземаат активности и обврски и да даваат идеи, одговорни – навремено дамги исполнуваат задачите, да имаат желба за развој, работа и надоградба, да бидат посветени на работата, подготвени да се вмрежуваат без предрасуди, да имаат отворен ум за соработка, конструктивна критика, напредок и секако да имаат култура и почит во комуникацијата со соработниците од земјата и од странство, односно во Алијансата и надвор од неа.

Бројот на студенти кои ќе бидат вклучени во првите две години од функционирањето на Алијансата КОЛОРС е најмалку десет, а за секој активномвкучен студент ќе има и финансиска надомест.

Дополнително, голем број студенти ќе имаат можност да придонесат во активностите на Алијансата и да градат знаења, вештини и компетенции. За придонесот, ќе бидат вреднувани на различни начини – со сертификати, дополнителни ЕКТС-кредити, потврди за пракса, сертификати за воннаставни активности итн. Искуствата и истражувањата што ќе ги прават во активностите може да бидат основа и за дипломски, магистерски и докторски теми, научно-истражувачки трудови и проектни задачи, како нематеријална придобивка.

Заинтересираните студенти може да пријават најдоцна до 28 февруари 2024 година со пополнувње на апликацијата која се наоѓа во Повикот до студентите за вклучување во активности на Алијансата на европскиот универзитет КОЛОРС, што воедно го имаат добиено и на нивните е-маил адреси.

Повикот е објавен и на веб страницата на УКЛО

https://uklo.edu.mk/blog/javen-povik-studenti-colours/

и  можат да  добијат повеќе информации за Алијансата КОЛОРС и учеството на УКЛО во неа.