Лајонс клубот “Кабадаја“ од Битола, преку своите претставници ја предаде донацијата на одделенито за урологија при Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола, која се состои од комплети пижами и постелнини за одделението.
Донацијата е реализирана од собраните средства од хуманитарната акција “Мовембер 2023“ која се одржа во кафе-барот “Јагода“ од кои и беше поддржана оваа акција.