Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: пулмонална хипертензија и пулмонално срце

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на пулмонална хипертензија и пулмонално срце за што вели:

-Во вратната регија на трансверзален пресек со линеарна сонда над трахејата која е хипоехогена овална се наоѓа тироидната жлезда во форма на пеперутка со мост – истмус кој најчесто е до 5 мм АП дијаметар поголем во случаи на гушавост и лев и десен лобус со димензии 0,8-16 мм трансверзално и 10-18 мм АП дијаметар, во левиот лобус инфериорно се наоѓа хранопроводот или езофагусот како овална со хиперехогени маргини формација која можи да симулира јазол.

Десно и лево од двата тироидни лобуси медијално се наоѓааат CCA -oпштите каротидни артерии додека латерално од нив се IJV инфериорните југуларни вени.

Присуството на јазли-нодули во тироидната жлезда можи да е бенигно доколку се овални без калцификати хиперехогени со јасни граници аваскуларизирани на колор доплер и малигни хипоехогени со нејасни граници внатрешни калцификати централна хиперваскуларизираност поголем АП дијаметар од трансверзален.

Рутинските контроли се потребни со цел следење на самите нодулуси на тироидна жлезда и процена на нивната малигнизација и потребата од биопсија и хируршка интервенција.