Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: започна изградбата на стадионот, 11 предлози за главен проект

-По 11 преложени и разгледани единаесетте предлози за изработка на главниот проект за изградба на нов градски стадион во Битола, беше одбрана фирмата задолжена за изработка на основниот проект “Мегарон инженеринг“ од Скопје, за стадионот во Битола, со капацитет од 12.000 гледачи, започна со своите сеќавања за периодот од пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Проектот ќе биде изработен според меѓународни стандарди, согласно урбанистичкиот план и инфраструктурните услови кои постојат во тој дел, согласно распишаната тендерска документација во согласност со меѓународните стандарди, односно со категоризацијата на овој тип објекти, од документацијата на ФИФА и УЕФА и е предвиден за одржување на натпревари од втора категорија што подразбира дека сите меѓународни натпревари на нашата државна младинска селекција ќе биде возможно да се одржуваат тука, како и клупските фудбалски натпревари во европските купови ќе можат да се одржуваат во Битола, рече тогаш, Предраг Андонов, архитект од фирмата “Мегарон инженерин“.

Според проектот се работи за предлози кои предвидуваат комплетна санација на постоечката голема трибина, изградба на нова трибина, од страна на службениот влез, и дилемата е дали да се градат две помали трибини на двете страни зад головите или да се изгради само од страната на помошниот терен, или сите трибини да бидат поврзани под еден покрив, а од страната на олимпискиот базен да биде поставен големиот семафот.

More from ВестиMore posts in Вести »