Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување, Охрид со сериозна игра и отпор во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Охрид – 31:27 (17:17)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, во 3. коло од плеј-офот, во спортската сала “Боро Чурлевски“ одиграа натпревар во кој мораа да се намачат против охриѓани  кои во најголем дел од натпреварот беа рамноправен противник, па така бодовите да останат за шампионот, во Битола.

Натпреварот охриѓани го отворија натпреварот со водство од 2:4. Потоа натреварот беше во стилот гол за гол. “Пелистерци“ не водеа ниту еднаш во првиот дел, а Охрид имаше највисоки 10:13 и на одмор се замина со нерешени 17:17. На стартот на второто полувреме Еурофарм Пелистер поведе на стартот на полувремето 18:17. Во второро полувреме  Охрид на два пати во последдните 10 минути имаа предност и со два гола. “Пелистерци“ прво израмнија на 24:24.Потоа Охрид имаше 24:25, а потоа Еурофарм Пелистер како да се разбуди и со серија прво израмни, а потоа и поведе. Со двата гола на Кузмановски и интервенцијата на Кизиќ, Еурофарм Пелистер си ја обезбеди победата. На крајот предноста дури и беше +4, што беше највисоката предност на еден тим на натпреварот.Кај Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски беше најефикасен играч со 9 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »