Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Емотивна ранливост  – зошто ја потиснуваме?

Во свет каде се признава само успех, а ги осудува грешките. Во светот каде се глорификува успехот, силата, доминација, екстровертност…Каде се прифаќа само позитивно размислување, а тешко се поднесуваат нашите непријатни чувства, во тој свет нема место за ранливост.  Можеби затоа што „Да се биде ранлив“ денес  воглавном се мисли на слабост, недостаок или мана.

Да бидеме искрени кој се чувствува убаво кога е ранлив?

Прв да кажете „Те сакам“ или да повикате пријател кој штотуку изгибил некој драг? 

Да се биде човечко битие значи да се биде неподносливо ранлив. Незбежно чувство, но неприфатено.

Заради тоа што нашиот живот е коначен, ранливоста кон траума е универзално искуство на сите луѓе. Страдање, повреда, смрт, болест, скршено срце, губиток – тие се можности кои го дефинираат нашето постоење и претставуваат постојана закана.

Отфрлање на ранливоста

Често произлегува од тоа што ја поврзуваме со темни емоции : страв, срам, жалост, тага, разочарување. Емоции за кои и не сакаме да разговараме, дури и кога длабоко влијаат на начинот на кој живееме, сакаме,правиме дури и раководиме.

Дојдовме до точка во која наместо да ја цениме храброста и смелоста кои стојат зад ранливоста, ние му допуштаме на нашиот страв  да станат осуда и критика. Меѓутоа да се биде ранлив и емоционално изложен многу е важно за сите блиски односи, бидејќи поттикнува разбирање, поврзување, и создавање на подлабоко ниво на љубов и интимност. Заради тоа во психотерапевтската пракса, но често и во животот главен показател да личноста ја потиснува емотивната ранливост е неможност на поврзување со другите луѓе.  

Што е емотивна ранливост?

Емотивна ранливост најчесто се манифестира како анксиозност која е поврзана со можноста да бидеме отфрлени, да некој види дека се срамиме од нешто, или некој да не процени како неадекватни.

За да ја намалиме оваа анксиозност или да го намалиме ризикот некој да ги открие нашите мани или не отфрли, прибегнуваме кон разни тактики на потиснување на емотивната ранливост:

-Развиваме голема самостојност,

-Сами сме си доволни,

-Се можеме сами,

-Никој не ни е потребен…

 Така да нема да дојде да не отфрлат. 

   Многумина сметаат дека нивната подготвеност да бидат напуштени или осудени ќе го намали ризикот од емотивна болка.

Како да ја прифатиме својата ранливост?

Ако со години сме ја сокривале својата ранлизвост или во потполност сме ја игнорирале како нешто мачно, тешко и непожелно…

Еве неколку начини да ја прифатиме:

Немојте да ги постиснувате прикривате своите чувства – препознајте ги…

-Поставувајте си го на себе прашањето„Како се чувствувам?“ и

-„За што размислувам во моментот“? 

Барем еднаш дневно да се прашате себеси:

-Како си? И да искрено одговорите на тоа прашање.

-Пишување, mindfulness, медитација, разговор со близок пријател кој ве прифаќа, разговор со терапевт се начини на кои тоа може да се направи.

Ранливоста е најмалку слабост токму спротивно таа е храброст

Потребна е голема храброст да им покажете на другите што ви е важно, да им покажете каде ве боли, бидејќи можат баш тука да ве шутнат. Да им покажете на другите колку ви значат, бидејќи можат да заминат. Или да им покажете на другите што сте направиле, бидејќи можат да ве исмеат.

Погледај му на стравот во очи и тргни напред.

Стравот и критиката секогаш ќе бидат тука, не одат никад. Ако не ги погледнеме во очи ништо нема да направиме во животот и нема да се помрднеме. Што подолго стоиме наспроти стравот и критиката стануваме и похрабри и поотпорни.  

Тежнеј кон извонредност, а не перфекционизам

Перфекционозмот нема никаква врска со развој, напредок или лични успеси. Тој има врска со стравот и избегнувањето. Затоа е подобро да тежиме кон извонредност, да се биде негова најдобра верзија на себе и покрај своите мани. Овој пристап е здрав и доведува до личен раст и развој за разлика од перфексционизмот.

 За да одржиме здрав однос со ранливоста потребни ни се здрави граници

Тоа значи дека не треба да се биде ранлив со секој и во секоја прилика.  Можеби ова требаше да  биде препорака уште на почетокот на текстот за  вашата емотивна ранливост. Бидете ранливи, но водете сметка каде, кога и пред кој.

Важно е да знаете

Нашата ранливост е една од највредните работи кои ги имаме и не прави такви какви што сме, не треба да ја отфрламе  каде што не треба. 

Ранливост е храброст да се соочиме со своите емоции

Ранливоста  е лулка на сите емоции и искуства за кој луѓето тежнеат – храброст, емпатија, одговорност и автентичност. 

Дури тогаш кога си дадеме на себе дозвола да бидеме ранливи, можеме да имаме и разбирање за другите, да почуствуваме емпатија, бидејќи сме искусиле болка и срам. Можеме да знаеме дека заслужуваме љубов онакви какви што сме,  со сите свои мани, доблести и искуство кое не обликувало како такви.

Емотивната храброст е да се поделат своите чувства со оние кои ни се важни, но и да се прифатат нивните.

Можеме да бидеме креативни дури кога го превземеме ризкот на проценка и осуда во обид да направиме нешто ново и оригинално.

Исто така ранливоста помага за да се разберете себеси, да го надминете срамот и дозволите на емпатијата да се манифестира.

Кога ја промените перспективата, сфаќате дека да се биде ранлив значи да се биде храбар и јак.