По повод 10 години од основањето, Здружението за европска интеграција Европска гледна точка го одбележа својот јубилеен роденден во Млади Хаб. На прославата присуствуваа соработници и партнери на Европска гледна точка, пред присутните се обрати претседателот Дејан Петровски, во својот говот тој зборуваше како настана идеата за формирање на организацијата, за сите проекти, активности и настани кои се реализирани во изминатите 10 години, потоа се зборуваше за идните планови и на каде ќе се движи организацијата.
По повод јубилејниот роденден членовите на Европска гледна точка изработија видео на кое присутните имаа можност да се потсетат преку слики и видеа од работата на организацијата изминатите 10 години.
Претседателот Дејан Петровски додели Благодарници на сите соработници и партнери во името на Европска гледна точка за придонес во развојот и спроведување на целите на здружението.
Доделени беа и две платени, една на првата претседателка на организацијата Ане Матевска, а другата плакета постхумана на човекот кој беше заслужен за формирањето на организацијата Нешат Аземовски.






