Press "Enter" to skip to content

Нејц Цехте пред последниот натпревар од ЛШ во Битола: да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите

Утре во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го играат последниот домашен натпевар во Лигата на шампионите, против екипата на Алборг. За овој натпревар во “Боро Чурлевски“ на официјалната прес-конференција во пресрет на натпреварот со Данците, се зборуваше бекот Нејц Цехте, кој рече:

-Јас и целиот тим едвај го чекаме натпреварот. Ова ќе биде празник на ракометот, да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите. Нормално е дека посакуваме победа, а верувам дека можеме до неа в среда. Мислам дека Алборг се мачи кога ривалот игра цврста одбрана и жаргонски кажано “ги тепа“. Треба да не им се дозволи скандинавски и лесно да ги решаваат нападите. Тие загубија финале во Купот од ГОГ, во кој не можеа да ги исполнат своите замисли и додаде:

-Скандинавскиот ракомет е потпрен на трчање, топката да оди што побргу, со игра еден на еден и сила во финишот. Првиот меч дозволивме да влеземе во нивен ритам, а сега мислам дека нема да биде така. Ќе видат како е да се игра преку вистинска публика. Тоа не им е познато, стилот на навивањето е целосно различен, па тоа мислам дека ќе биде наш адут. Во моментов Алекс Влах се пронајде добро, но и младите Данци излегуваат во прв план. Хансен можеби не е истиот како пред неколку години, ама и натаму е врвен ракометар. Мора да изградиме стил со контакт, бидејќи тоа не им одговара. 

Натпреварот Еурофарм Пелистер и Алборг се игра, утре, среда во вечерниот термин во 20:45 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »