Press "Enter" to skip to content

Промовирана опрема за виртуелна реалност на УКЛО Битола, единствена на поширокиот балкански прстор (фотогалерија)

Денес на Факлтетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, единица на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола се одржа промоција на ново набавена опрема за виртуелна реалност, прва купола за виртуелна реалност на поширокиот балкански простор.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски од име на раководството на Универзитетот истакна дека опремата за виртуелна реалност инсталирана на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола ќе овозможи нова димензија во наставата и истражувачката работа на УКЛО. Ректорот Неделковски истакна:-Опремата се наоѓа тука на ФИКТ, каде што имаме најрелевантна употреба за студентите на ФИКТ, но преку овај Центар, ќе можат да ја користат сите други факултети, наставници и студенти, но денеска поканивме и наши колеги, наши идни студенти од средните училишта, бидејќи целта ни е ова место да стане хап, каде што и наставниците од средните училишта ќе можат да ги носат своите ученици на дел теми од виртуелната реалност, компаниите за свои можеби проекти и презентации, бидејќи нема област во која што виртуеалната реалност не може да најде примена: од информатички технологии, хемија, биологија, инженерство, буквално денеска се може да се симулира во виртуелна реалност и се надевам дека овај простор ќе стане еден своевиден хап за технологии на виртуелната реалност, каде што не само студентите, туку и сите други од овој регион, ке доаѓаат и ке реализират своја практична настава или проекција. Во однос на научната работа, колку ова ќе помогне?Апсолутно да, од она што е главна дејност, развој на апликација за виртуелна реалност, па се до користење на алатки за виртуелнаална реалност, од сите други заинтересирани за научни проекти, фактички суштината на оваа купола е да вие се наоѓате во околина многу блиска до реалната, така да може да изведувате разноразни истражувања и научни и едукативни.-Согледно тоа што Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола сега е член на Алијанса на европскиот универзитет Колорс, ова ќе биде ставено и на разполагање за заеднички проекти со останатите членови на Алијансата, бидејќи формално од 1. јануари оваа година Универзитетот е дел од Алијансата Колорс, со уште 8 други европски универзитети. Ние ќе нудиме заеднички наставни програми, можност дел предмети да се слушаат тука, дел да се слушаат во странство. Ке доаѓаат од тие 8 европски земји, тука и наставници и студенти, и оваа купола за виртуелна реалност ке биде една од тие што може би ќе ги привлече да изберат предмети на нашиот универзитет и преку далечинско образование може да се реализираат заеднички проекти за оние наставни содржини каде што нема да можат да дојдат физички,. Со оваа купола ќе можат да почувствуваат учесниците,  како да се во реалноста, бидејќи виртуелната реалност се приближува до реалноста, додаде Неделковски.Опремата во вредност од стотина илјади евра вклучува повеќе компоненти: комјутери, дронови, сензори, но секако најатрактивна и уникатна е Куполата за виртуиелна реалност, којашто на средношколците и студентите може да им понуди поквалтетна обука и поквалитетна настава преку  користење на технологиите на виртуелна реалност.Ректорот Неделковски извести дека  опремата е обезбедена од Ректоратот на УКЛО, како придобивка од проектот SOLVE, финансиран од Европската Унија.Деканот на ФИКТ Благој Ристевски истакна:-Опремата во Центрот за виртуелно инженерство, кој што е сместен во лабораторијата на Факултетот за информатички и комуникациски технологи  – Битола, ќе биде на достапна на вработените на Факултетот  како и на сите заинтересирани наставници, соработници, студенти на прв, втор и трет циклус на УКЛО  и тие ќе можат да ја посетат и да вршат истражување во однос на научната и на апликативната дејност. Овде, секако, понатаму можат да се и ќе се развиваат апликации и мултимедијски содржини.Претходно на редовни седници, Управата и сенатот на УКЛО донесена е Одлука за основање на универзитетски Центар за виртуелнo инженерство –  ЦВИ, со седиште на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Деканот на факултетот, проф. д-р Благој Ристевски со задоволство истакнува дека куполите претставуваат извонредна платформа за едукативни презентации на различни теми, воедно ќе се користат  и за ангажирање на студентите во интерактивни искуства за учење, за симулациски трениинг и други напредни мулти-сензорни искуства. Посебно привлечно и интересно за посетителите и идните корисници во иднина е можноста за прикажување филмови и видеа од 360 степени за извонредно доживување. Куполата којашто има големи апликативни можности покрај во редовната настава и истражувањата ќе се користи и во активностите на Алијансата КОЛОРС

https://uklo.edu.mk/moodle/course/view.php?id=80 и ќе помогне во трасирањето позитивни промени, каква што е впрочем и суштината на Центарот за виртуелнo инженерство. На свечениот настан покрај членовите на Универзитетскиот сенат и Управата и вработени на ФИКТ, присуствуваа ученици од средните училишта од Битола со нивни професори, претставници од ИТ компании и други офцијaлни лица од општествениот живот  во регионот.

More from ВестиMore posts in Вести »