Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад со остар предмет, пожар во просторија на затвор во Горно Оризари…

На 26.02.2024 во СВР Битола, Б.С. од Битола пријавил дека на бул. „1 Мај“ во Битола бил физички нападнат од негов сосед, кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.02.2024 во СВР Битола, Г.Ј. (32) од село Слоештица, демирхисарско, пријавил дека на ул. „Димитрие Туцовиќ” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.02.2024 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во една просторија во Казнено – поправната установа Затвор Битола во село Горно Оризари, битолско, настанал пожар при што со повреди се здобил осуденик на возраст од 33 години од Битола. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 26.02.2024 во 11.10 часот во СВР Битола, М.И. (55) од Битола, пријавил дека во населба „Карпош“ бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »