Press "Enter" to skip to content

Бранислав Ангеловски: обврска ни е да одиграме најдобро на последниот натпревар во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес го играат последниот натпревар од “А“ групата на Лигата на шампионите во Битола против Алборг. Тренерот на битолчани Бранислав Ангеловски на официјалната прес-конференцина најави борба и достојно затворање на сезоната дома во ова натпреварување и рече:

-Мислам дека обврска ќе ни биде да покажеме најдобра игра на последниот домашен натпревар. Тоа ни е обврска кон градот, навивачите. Ова е дуел со можеби еден од најдобрите ривали во групата. Несомнено е зошто се на врвот со Кил. Тие доаѓаат од државата на еден европски, светски и олимписки шампион, со играчи како Хансен, Ландин и со многу ѕвезди во надоаѓање. Мора да уживаме и да дадеме максимум. Можам да ветам дека ќе се бориме до крај против овој ракометен гигант. Тие први натпревари беа почеток на нашата игра во ЛШ. Можам само да кажам дека бевме во грч и трема поради големите ѕвезди. Тоа е минато, не би се осврнувал кон првиот натпревар. Сметам дека сега овој меч ќе биде поинаков.

 Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг се игра денес, во терминот од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.

More from ВестиMore posts in Вести »