Press "Enter" to skip to content

Книга за моќта и моќните во Битола на Пеце Цветановски

Деновиве излезе од печат книгата “Структурата на моќта во Битола “ на нашиот сограѓанин, авторот Пеце Цветановски. Книгата е во издание на издавачка куќа “Восток“ од Битола и е посветена на моќта како општествена појава. 

Книгата е всушност и истоимената докторска теза која Цветановски ја одбрани на Институтот за социологија, при Филозовскиот факултет во Скопје во 2016 година.

-Целта на ова дело беше да се обиде да направи истражување за моќните поединци во Битола, кои во периодот 2011-2014 година оставаат свој печат и обележје во стопанскиот и политичкиот живот во градот, вели Цветановски.

Книгата се состои во три дела, од кои е посветен на современите истражувања и значења на поимот моќ во областите на филозофијата, социологијата, политикологијата и економската наука и е наменет пред се за студенската популација во оптествените науки. Вторио дел на книгата е всушност разработка на репутацискиот модел во истражувањето на донесувањето на одлуки во локалната заедница, истражување какво што во Атланта, Џорџија (САД) во 50-тите години од минатиот век спровел американскио социолог Флојд Хантер.

-Според истражувањето – вели Цветановски, – во Битола како локална заедница, за разлика од Атланта, политиката се уште доминира во сферата на одлучувањето, со тенденција економските моќници полека да се осамостојуваат во однос на политичките партии, кои сепак, доминираат во власта. Тоа е суштински различно од она што се случувало во Атланта, каде доминирале економските моќници, а политичарите во најголем дел ги застапувале и остварувале интересите на економските моќници“.

Во третио дел, книгата на Цветановски дава преглед на моќта и моќните поединци во Битола, со дел од кои тој спровел интервјуа и водел раговори, па сознанијата се дадени со соответно образложение. Наведена е и листата на најмоќни, според резултатите од истражувањето со кое беа опфатени 40 личности од Битола.

Инаку, Цветановски е роден – 1956 г. во Битола, дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1980 г. Работел како професор и новинар, и во некогашното претпријатие Јавор – Битола. Бил водител и уредник на тв-емисиите „Политички аргументи“ во ТВ Меди и ТВ „Објектив“ на ТВ Орбис, а работел и пишувал и за локалните весници „Битолски весник“ и „ЕГО“ во Битола. Исто така, во еден период од животот се занимавал и со политика и бил претседател на локалните ограноци на Демократската партија и подоцна на ДОМ, но во 2011 г. целосно ја напуштил политиката. Во периодот од 2008 г. до октомври 2019 г. работел во Националниот парк Пелистер, од каде и заминал во пензија.

Промоцијата на книгата е закажана за 20 март (среда) 2024 г., во 20 часот, во Домот на АРМ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »