Press "Enter" to skip to content

Ангеловски и Пешевски: ќе продолжиме во ист стил, ќе ја оствариме нашата цел, преку вајлд-карта во ЛШ

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола со пораз ја спушти домашната завеса во Лигата на шампионите.  По натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, впечатоците ги изнесе тренерот Бранислав Ангеловски, кој на прес-конференцијата изјави:

-Честитки за противникот за заслужената победа. Одигравме одличен натпревар. За да се победи тим како Алборг треба ние да дадеме 100% од нашите можности, а противникот да нема свој ден. Но, тоа не се случи и Алборг покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во оваа група.  Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи, за нивната поддршка во текот на сите шеесет минути. Тие ни беа „ветер во грб“, кој ни е многу важен. Честитки и до моите момци за одличното издание. Верувајте не е лесно да се игра во ритам среда-сабота и со патувања и со многу силни противници. Вечерва имавме и неколку промашени зицери и технички грешки, кои доколку игравме против послаба екипа немаше да се почувствуваат, но Алборг ги искористи сите наши грешки“.

Бранислав Ангеловски, верува во шансите доколку пак бидат прваци во Суперлигата, да добијат „вајлд-карта“ за настап во ова натпреварување.

-Треба да уживаме, да дадеме максиумум и треба да се поздравиме со Лигата на шампионите со мисла дека многу бргу пак ќе бидеме дел од ова елитно натпреварување. Со уште поголеми амбиции да влеземе во новата сезона. Се надевам ќе ни доаѓаат гиганти и следната година преку вајлд-карта.

Своите импресии по натпреварот ги искажа и Жарко Пешевски, кој нагласи:

-Прво сакам да му честитам на противникот за извојуваната победа во оваа пеколна арена. Мислевме дека Алборн ќе потпадне на притисокот, но сепак, се работи за ѕвезден тим кој одиграл многу вакви натпревари. Покажаа дека се подобар противник. Сметам дека за разлика од другите натпревари ова беше нашето најдобро прво полувреме оваа сезона во Лигата на шампионите. Игравме егал во сите триесет минути, а потоа отворивме лошо, Алборг ги казни нашите грешки и потоа не дозволи да се вратиме во игра. Наша задача поради овие прекрасни навивачи е да одиграме максимално и на последниот натпревар во Норвешка.

More from ВестиMore posts in Вести »