Press "Enter" to skip to content

Во Битола, и за крај на ЛШ, одлична ракометна атмосфера која и Хансен ја поздрави (фотогалерија)

Во Битола по седум одиграни натпревари од “А“ групата на ракометната Лига на шампиони вечерва се спушти завесата на натпреварите на Еурофарм Пелистер во салата “Боро Чурлевски“.Љубителите на ракометот во Битола имаа ретка прилика да ги гледаат ракометните гиганти ПСЖ, Кил со ѕвездите браќата Карабатиќ, Пранди… а вечерва и Хансен и соиграчите.Но, вреди да се споменат и тимовите на Киелце, Алборг, ПИК Сегед, Загреб и Колштад кои комплетниот организациски тим одлично ги пречека, за што пофалбите стигнуваат од сите страни.За жал публиката во Битола не се израдува на нити една победа или нерешен резултат, а Еурофарм Пелистер останува без бодови, пред последното гостување во Норвешка. Вечерва “пелистерци“ го одиграа најдоброто прво полувреме во Лигата на шампионите оваа сезона, а битолската публика одново покажа како се сака и бодри својот тим, за што и една ракометна величина, Хансен, упати искрени честитки и аплаузи, на пто се приклучија  и останатите ѕвезди на данскиот тим.Битолската публика предвидена од навивачката група “Чкембари“ уште еднаш покажа како се сака и бодри својот тим, а како беше атмосферата на трибините во Битола низ фотогалеријата која е во прилог.

More from ВестиMore posts in Вести »