Делницата кон кружниот тек на Дулие е во завршна фаза, а на потегот кон реката Драгор се поставуваат ивичници, по што следува асфалтирање и враќање во првобитна положба. Изградбата на овој крак од топловодот потоа продолжува по улицата “Иван Милутиновиќ“ и ќе заврши пред Црн мост. На него во првата фаза ќе бидат приклучени сите државни и општински институции од овој дел на градот: општината, судовите, полицијата, Гимназијата “Јосип Броз Тито“…-Паралелно со ова, продолжуваат градежните работи и на кракот кој ќе носи топлинска енергија по улицата “Партизанска“. Во моментов, градежните работи на овој крак се одвиваат во близина на ОУ “Коле Канински“. Во завршна фаза се и подготовките за преминување на топловодот под реката Драгор, кај железниот мост.-Тоа е уште еден многу специфичен зафат на кој работат стручните лица од фирмата изведувач. Веруваме дека и овој потфат ќе биде изведен професионално, брзо и ефикасно, како што беа изведени преминувањата на топловодот под Црна река, под регионалниот пат кон Новаци и под железничката пруга, велат од ЕСМ Топлификација Битола.Изградбата на топловодот во Битола е капитална инвестиција каква што немало во градот откако се изградија Стрежево и РЕК Битола и ќе обезбеди поефтино греење најпрвин за институциите во локална и државна надлежност, а потоа и за граѓаните.
Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)