Press "Enter" to skip to content

Заменик министерка за финансии Елена Петрова на средба со стопанственици од Битола (фото)

Денес во хотел “Милениум“ во Битола дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова одржи средба со стопанственици, членови на Регионалната стопанската комора од Битола.На средбата беше присутен градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, пратеничките од сообранието Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола – Пеце Милевски, секретарот на Општина Битола – Борче Димитровски…После одржаниот состанок, на кој имаше и дискусија за проблемите на стопанствениците од Битола, дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова рече:-Денес во Битола имавме продуктивна средба со Регионалната стопанска комора и констатациите на компаниите за македонската економска реалност се: “болно” стопанство, нефункционална држава, криминал и корупција, празен буџет. Нема сегмент во кој компаниите немаат проблеми во бизнисо. Прашањето на бизнисот е: катанец или пресврт? Има надеж! Во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со разумни, структурни и одржливи мерки, наместо популизам, со чесни и способни кадри кои ќе работат “без пардон“, полека, но сигурно ќе работиме за да постигнеме здрав пресврт на економијата и општеството.

 

More from ВестиMore posts in Вести »