Во Битола по седум одиграни натпревари од “А“ групата на ракометната Лига на шампиони вечерва се спушти завесата на натпреварите на Еурофарм Пелистер во салата “Боро Чурлевски“.Љубителите на ракометот во Битола имаа ретка прилика да ги гледаат ракометните гиганти ПСЖ, Кил со ѕвездите браќата Карабатиќ, Пранди… а вечерва и Хансен и соиграчите.Но, вреди да се споменат и тимовите на Киелце, Алборг, ПИК Сегед, Загреб и Колштад кои комплетниот организациски тим одлично ги пречека, за што пофалбите стигнуваат од сите страни.За жал публиката во Битола не се израдува на нити една победа или нерешен резултат, а Еурофарм Пелистер останува без бодови, пред последното гостување во Норвешка. Вечерва “пелистерци“ го одиграа најдоброто прво полувреме во Лигата на шампионите оваа сезона, а битолската публика одново покажа како се сака и бодри својот тим, за што и една ракометна величина, Хансен, упати искрени честитки и аплаузи, на пто се приклучија и останатите ѕвезди на данскиот тим.Битолската публика предвидена од навивачката група “Чкембари“ уште еднаш покажа како се сака и бодри својот тим, а како беше атмосферата на трибините во Битола низ фотогалеријата која е во прилог.
Во Битола, и за крај на ЛШ, одлична ракометна атмосфера која и Хансен ја поздрави (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
More from СпортMore posts in Спорт »
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
- ФК Јени Маале со ВИП и обични влезници за купот против Шкендија
- Пелистер со реми против Струга, но може да жали за три бода во Битола (фотогалерија)
- Со повеќе млади ракометари Еурофарм Пелистер лесно ја победи Струга во Битола (фотогалерија)