Press "Enter" to skip to content

Бaлша Драговиќ ново засилување на центарските позиции во КК Пелистер

Македонскиот кошаркарски вицешампион Пелистер од Битола доведе уште едно засилување во пресрет на крајот на кошаркарскиот преоден рок.

Во Битола пристигна Бaлша Драговиќ, црногорски кошаркар кој ги покрива центарските позиции. Црногорецот во Пелистер доаѓа како резултат на заминувањата на Амар Хот и Џонил Фуџет.

Бaлша Драговиќ кој досега беше дел од тимот на Шенчур од Словенија. Драговиќ  е висок 208 сантиметри и заедно со Јуре Планиниќ и Андреј Маслинко треба да донесат стабилност на позициите четири и пет.

Бaлша има настапувано во Србија, Шпанија, Чешка, САД и БиХ, односно со своето искуство треба да биде уште едно оружје за тренерот Дарко Радуловиќ.

Тој се очекува да дебитира на мечот против ТФТ.

More from ВестиMore posts in Вести »