Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција во Народен театар Битола за вечерашната премиера “Хамлет – денот на убиствата“ (фото)

Прес-конференција се одржа во Народниот театар Битола пред  денешната премиера “Хамлет – денот на убиствата“ која е работена според пиесата на Бернар-Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак кој е и автор на музиката. Актерот и директор на Народниот театар во Битола, Иван Јерчиќ, за оваа претстава го промени својот личен изглед, ја истрижи косата и има мустаќи, за претставата и неговата улогата,  Клаудиј во новата премиера на театарот рече:-Со самата најава за претставата и нејзината премиера сигурен сум дека нашиот театар ќе  биде конкурентен за највискоките награди во македонските театри во државата. Што се однесува пак до моите чувства во однос на претстава би сакал да се заблагодарам на режисерот Марјан Неќак за тоа што ми ја укажа довербата и дека ова за мене е една претстава која јас со ограмно задоволство ја работам, со еден таканаречен “дрим тим“, во однос на односите во претставата која мисам дека, би рекол по битолски, публиката ќе ја бендиса и ќе препознае дека внатре постои нешто што можеби е надвор од професионалните односи, како една семејна атмосфера на екипата за што говори и самата претстава. Ние градиме наш Хамлет, кој, се надевам, кореспондира со денешницата, што е и основната дејност на театарот, а не да бидеме некаков театар кој ќе мртва буква на хартија, или само музејска вредност.Режисерот на “Хамлет – денот на убиствата“, Марјан Неќак кој на почетокот на изјавата рече дека е дома и нема да кажува кој е и што е, и продолжи:-Сега сум во сопствениот театар во Битола во една друга улога како режисер и го работам Хамлет кој е наслов во литература за кој мислам дека е еден од најкомплицираните кај Шекспир и еден од најкомплицираните текстови, а јас ниту сонував дека еден ден ќе го работам како режисер, но ете една година веќе го работиме. Мислав дека не сум дораснат за Шекспир, но сега зеаедно со драматургот направивме Шекспир да го ставиме во денешно време. Не направивме ништо ново, туку комплексните ликови го пренесовме во денешницата. Хамлет и ликот кој што се бори и за мене тоа преставува да се биде човек, што е најтешкото, дс се има морал, да се зборува вистината, а овој Хамлет точно го покажува тоа, а неговиот моралитет е најважен. Околу музиката не бо зборувал многу, туку ќе оставам тоа да се доживее. Како и Иван и јас би кажал дека работевме во “семејни односи“, креативно до бескрај, не се сеќавам на некоја проба која беше без резултат. Јас не се сеќавам на друга претстава која вака е работена и им се заблагодарувам на моите колеги за тоа. Таму каде најчесто работам, во Словенија, Хрватска, Австрија, таму дисциплината ги прави професионални актерите, а односите не се секогаш топли и пријателски. Тоа што овде се случи е еден белег на битолскиот театар во кој израснав и се надевам дека овој “вирус“ ќе се шири и понатаму и не само во овој театар, туку и на Балканот и пошироко.

Драматургот Оливера Павловиќ додаде:-Како што спомена и режисерот нашата претстава започна да се подготвува пред една година и сите заедно имавме можност да го следиме тој процес како се развива идејата, како се менуваат погледите на нештата, како текстот се обликува се додека дојде на сцена и беше исклучително интересно да се следи тоа и во тој процес да се види колкава голема работа е да се создаде едно уметничко дело за кое целата изведба ќе трае повеќе од еден час. Овој процес на работа на сите нас ни донесе голема возбуда и голема напрегнатост на мислите и чувствата и искрено кажано и на мускулите, бидејќи пробите беа исцрпувачки. Максимално го искористивме нашиот креативен и интелектуален потенцијал, но сето тоа за нас беше едно големо задоволство. Кога мислевме дека некоја сцена ја завршивме, баравме начин повторно да се изведе сцената, да се вметне ново зборче, се за една цел, што подобро да се изведе на сцената. Се надеваме дека се она што ние го чуствуваме на пробите ќе се примени и на публиката на премиерата, а тоа ќе биде една впечатлива претстава.

Актерката Валентина Грамосли како и останатите со многу возбуда зборуваше за улогата и премиерата и рече:-Бев воодушевена од текстот уште од неговото прво читање во кој станува збор за четири ликови во иста драма, во еден ограничен простор кој што го сметаат за бесконечен, бескраен. Го живеат својот живот четири големи ликови кои се заљубени во својата големина, имиња што значат многу во театарската историја. Тие го живеат својот живот полнокрвно, целосно давајќи се во таа животна драма која ја повторуваат бесконечно, борејќи се. Ликот на мајката на Хамлет во оваа престстава која само не е мајка. Гертруда е една жена која што е опседната со својата големина е вечна кралица, жена која е фатална за сите мажи. Таа секогаш се двоуми меѓу доброто и злото, а во принцип го користи злото за својата идеја, вечна кралица. Но, негде, попатно се јавува и мајката во неа. Многу сум среќна што имавме можност да работиме заедно и ми благодарам на Марјан што не собра сите за да работиме на еден убав текст, за една убава идеја во еден креативен процес.Младиот Никола Стефанов, за кого беше кажано дека македонската публика допрва ќе слуша за неговите театарски успеси рече:-Сакам прво да кажам дека на некој начин сонот ми стана реалност. За мене ова беше огромна провокација и премогу предизвик. Постојано ми се врти во главата реченицата “Ова време од зглобови ми бега и како во нив да го вратам сега“ и секој ден поминат на проба беше проследен со многу размислување и многу поддршка од колегите. Мислам дека направивме претстава која ќе биде лектира за тоа што значи Хамлет во театарската програма. Би сакал да се заблагодарам на сите колеги за поддршката и мотивот кој ми го даваа за бидам се подобар и подобар. Се надевам дека направивме добра претстава која ќе одекни многу подалеку.  

Викторија Степановска-Јанкуловска ја игра улогата на и на пресот рече:-Нема да бидам нескромна и се надевам дека е така, ќе одекне и подалеку. Ова ќе го потврдам и според реакција на колегите кои видоа дел од претставата, кои се секогаш стамени во ставовите, имаат само позитивни зборови и коментари. Имавме еден процес во кој конечно кој се случува многу ретко во театарот, кога сите кои сме внатре сме на ти. Имавме време и мотив да работиме филигрански на ликовите. Мене не ми е прв пат да ја играм Офелија, како и пред петнаесетина години. Јас се двоумев за улогата, а го прашав и Марјан, зошто јас, кога знаеме дека Офелија е девојка на половина од мојата возраст. Меѓутоа, сега ми се отворија многу работи во однос на тој лик, а и многу перспективи, што значи Офелија, како една жена завршила онака како што завршила, заради љубовта кон еден човек. Сега разбирам дека Офелија е олицетворение на самотијата на една жена кој е комплетно сама, жена која не знае како да се вклопи во системот, во пајаковата мрежа која ја плетат околу неа Таа одвива да ја игра играта на денешницата. Тоа, можам да кажам, дека го препознавам кај мене, која одбивам да ја играм играта на денешницата и заради тоа прстот е вперен кон мене, а приватно одбирам друг начин да се борам. И за крај ова е претстава која според мене, во ликовите секој може да се најде себеси и да се запрашаат зошто ова авторот го напишал пред толку време.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф – Андреј Ѓоргиевски, дизајнер на видео – Сашо Илковски, тон-мајстор – Александар Димовски, автори на плакатот – Марјан Некаќ и Сашо Илковски и консултант за билијард – Игор Радичоски.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »