Press "Enter" to skip to content

Нов рекорд на Кузмановски, постигна 17 гола за победа на Еурофарм Пелистер во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Пролет 32:29 (16:13)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, предводена од капитенот Филип Кузмановски кој постигна 17 гола, го победи Пролет, на чија клупа седеше поранешниот тренер на битолчани, Александар Јовиќ, со резултат 32:29, полувреме 16:13. “Пелистерци“ како големи даворити влегоа во овој натпревар во салата „Боро Чурлевски“, забележаа победа, а тренерот Бранислав Ангеловски се реши да одмори повеќемина од првотимците. И овој пат како на последниот натпревар од ЛШ, капитенот Филип Кузмановски беше ракометар на натреварот, кој го заврши со 17 гола, осум во првото полувреме и девет во второто. Еурофарм Пелистер започна со водство од 5:2, а и во текот на целиот натпревар го имаше водството на своја страна, највисоко изразено со +5. На полувреме се замина со 16:13. Во второто полувреме Пролет заигра подобро и во една таква игра малку по малкуна намалуваше негативата, за на десетина минути до крајот да дојде ро реми, 25:25.  Следуваа три врзани гола на капитенот Кузмановски за 28:25 со што и реши кој ќе биде победник во Битола. Пелистер во последните десетина минути рутински дојде до победа и нови плеј-оф бодови.Покрај Кузмановски со 17 гола кај Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ постигна 5 голови.

More from ВестиMore posts in Вести »