Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: комбинирани антихипертензивни лекарства

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за дијагностицирање на комбинирани антихипертензивни лекарства, за што вели:

-АРБ или ангиотензин 2 рецептор блокатори се лекови кои се користат за лекување на висок крвен притисок кои преку  блокирање на врзувањето на ангиотензинот 2 за рецепторите од артериите водат  до вазодилатација и пад на крвниот притисок. Претставници се лосартан, валсартан кандесарта. Покрај нив постојат и АКЕ инхибитори како еналаприлот, лизиноприлот, рамиприлот, периндоприлот, калциум блокатори како верапамилот, дилтиаземот лерканидипилот, бета блокатори и алфа блокатори бисопролол, небиволол,диуретици.

Во зависност од висината на крвниот притисок и придружните коморбидитети или ризик фактори хиперлипидемија, дијабетес, пушење се одредува и типот на терапија на артериската хипертензија. Последните години дадени фармацевски компании почнаа да произведуваат и комбинирани антихипертензивни  лекови како би се поедноставило земањето на терапијата во еден лек и би се постигнала подобра контрола благодарение на синергистичкото дејство на повеќето состојки на тој комбинираниот антихипертензивен лек.

Од неодамна на нашиот пазар е присутна  и комбинацијата на АРБ рецептор блокатор со калциум инхибитор и диуретик (VAINAS HCT) комбинацијата на АКЕ инхибитор со калциум блокатори (АMORA).