Press "Enter" to skip to content

Три од три, нова, трета победа на Пелистер во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Саса 2:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер попладнево во Битола, во рамките на 18. коло од Втората фудбалска лига, ја победија екипата на Саса од Македонска Каменица со резултат 2:0, полувреме 0:0. Пелистер по првото полувреме на стадионот “Петар Милошевски“ кое го одугра без голови, победата ја најави во 59. минута кога капитенот Благоја Љамчевски од слободен удар по десната страна од 18-тина метри го постигна првиот гол за Пелистер.

Победата ја потврди Михаил Талевски во 83. минута од натпреварот со удар од десетина метри.По 18 одиграни кола екипаата на Беса е лидер на табелата со 47 бода, Пелистер е второпласиран со 42, а Детонит е на третото место, кое води во бараж со 38 бода. Пелистер идното коло игра против екипата на Детонит на гости, а со победа ќе биде еден голем чекор на второто место на табелата, пред Детонит.

More from ВестиMore posts in Вести »