Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: одбележана одбележана 50 годишнината од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки

-Еден од позначајните јубилеи поврзани со Битола кои се запишани во мојот новинарски бележник за 2014 година е одбележувањето на 50 годишнината од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки, кое се одбележа со полагање на букети свежи цвеќиња на Влашките гробишта во Битола и со неколку други настани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Чествувањето, на кое присуствуваа голем број филмски работници и почитувачи на делото на Милтон Манаки, се одржа во организација на Комуната на Власите, при што беше речено дека  Милтон Манаки, не само што ја прослави Битола, тукутој ја прослави и Република Македонија.

-Овој ден го одбележуваме во чест на неговото големо дело, кое треба да остане во колективната меморија на сите. Затоа, во таа насока треба да се потрудиме сите генерации да направиме чекор повеќе да го чествуваме она што е вистински квалитет, културно – историско наследство и она што е историја на Битола. Милтон Манаки е едно од неколкуте имиња кои треба да се запишат со златни букви во историјата на Битола, беше речено тогаш, а овие зборови треба да бидат актуелни и денес.

Во чест на делото на Браќа Манаки, веќе четири децении во Битола се одржува филмскиот
фестивал “Браќа Манаки“, а на Широк Сокак, активно е  киното “Манаки“. Во рамките на манифестациите за одбележување на 50 годишнината од смртта на Милтон Манаки во фоајето на Центарот за култура беше отворена изложбата на реставрирани фотографии од браќата Манаки, а во големата кино сала беше одржана и проекција на реставрираните филмови на браќата Манаки.

More from ВестиMore posts in Вести »