Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Скопје од ТФТ

ТФТ – Пелистер 77:66

(19:22, 15:11, 17:10, 26:23)

Пелистер од Битола го запиша шестиот пораз во овогодинешната сезона во Првата Македонска Кошаркарска Лига. Уште еден натпревар на “пелистерци“ со две дијаметрално различни полувремиња.

Во првото полувреме Пелистер беше конкурентен и изедначен со противникот, на моменти имаше и водство, но во вториот дел значително се одрази тенката клупа и дојде до забележителен пад во играта, што на крајот резултираше со сигрна победа на Скопскиот тим.

Првата четвртина им припадна на Пелистер, а центри Планиниќ и Маслинко добро ја контролираа играта под кошевите, а од периметар беа помогнати од Костоски и Knight. Втората четвртина им припадна на домаќините, но играта беше горе-долу изедначена што навестуваше интересно второ полувреме. На пауза се замина со резултат 34:33.

Во третата четвртина значително попушти нашата одбрана и ТФТ успеа да се одлепи на опиплива разлика, која што во последната четвртина само растеше за конечни +11 за домаќинот и резултат 77:66.

More from ВестиMore posts in Вести »