Press "Enter" to skip to content

Пораз на одбојкарките на Пелистер Волеј на домашен терен во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Бами Кор 2:3

(18:25; 25:16; 25:17; 22:25; 12:15)

Синоќа во Битола, во салата на медиционското училиште во тежок и исцрпувачки натпревар кој траеше два и пол часа, одбојкарките на Пелистер немаа среќа на крајот и го загубија натпреварот против екипата на Бами Кор.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за овој натпревар кој заврши со драматичен финиш рече:-Онака како што и се очекуваше ова беше доста возбудлив дуел по кој дефинитивно Пелистер Волеј, иако беше есенски шампион, за жал не успеа да ја мини и по втор пат летвичката за премин во повисок ранг. Прв нестабилен сет со доста грешки во кој подобро се снајдоа гостинките од тетово, два силни сета во корист на нашата екипа и пресврт за 2:1 но и пропуштена шанса во четвртиот сет при водство од 21:19. Петтиот сет беше игра на нерви во кој резултатот иако беше израмнет до 11:11 сепак на крај сосема заслужено се радуваа гостинките.Поените за Пелистер ги освоија: Стефани Најдановска 19, Анастасија Ристевска 12, Билјана Јаковлевска 7, Лиле Лозановска 7, Емилија Бицевска 6, Мила Андоновска 5, Христина Трајчевска 1, Марија Ристеска 1 и Теона Славкова 1.

More from ВестиMore posts in Вести »