Press "Enter" to skip to content

Фотоизложба “Визуелни приказни од Пелистер“ на отворено во прекрасниот предел кај  Ротинско езеро (фотогалерија)

Голем број вљубеници на фотографијата и фотографи се искачија дестина километри над Битола, над село Ротино, каде во прекрасната природа околу Ротинско езеро беа изложени фотографии на изложба насловена “Визуелни приказни од Пелистер“. Настанот беше  организиран од ПРЕДА плус Фондацијата од Битола.Уникатните фотографии на 10 талентнирани фотографи кои ги претставија  своите визуелни приказни за планината и  Пелистер, целосно се вклопија во магичниот пејсаж.Настанот го отвори Лидија Ангелковска од ПРЕДА плус Фондацијата, која ги поздрави присутните со зборовите дека ова идилично место, идеално се вклопува како платформа за организирање на еден ваков интересен настан, и додаде:-Изложбата на фотографии со наслов “Дали сте подготвени за Пелистер?” е резултат на работилницaта за фотографи со Љубомир Стефановски, која се реализираше во октомври минатата година во Битола. Тоа беше неверојатно искуство за сите учесници. Преку оваа работилница, учесниците имаа можност да се запознаат со уметничките тајни и техники на еден искусен и талентиран фотограф како Љубомир. Денес еден од учесниците кој е избран од Љубомир Стефановски, ќе се додели обука и можност да поосетува часови за фотографија кај него. Младата фотографка Анѓела Велјановска е избрана да учи и биде менторирана од Љубомир Стефановски.Од Преда плус Фондацијата за фото-изложбата изјавија:-Веруваме дека оваа иницијатива не само што ќе биде впечатлива за посетителите на изложбата, туку и ќе биде потсетник за потребата од подигнување свеста за уникатните туристички можности на Пелистер. Проектот “Дали сте подготвени за Пелистер?” не завршува со изложбата. Напротив, следуваат низа активности кои ќе поддржат подобрување и промовирање на туристичката понуда на Пелистер.Дамијана Ристевска најмлад учесник на фотоизложбата кажа:-Како млада фотографка сега започнувам да пливам во водите на фотографирањето, но  се трудам да учествувам на  работилници, проект или се што е поврзано со фотографијата. Затоа многу бев среќна за учеството во работилницата за фотографи со Љубомир Стефановски. Тоа беше едно неверојатно искуство што го збогати моето знаење за фотографија и го поттикна уште повеќе моето креативно љубопитство. Љубомир не само што е извонреден фотограф, туку и искусен предавач кој на лесен и уникатен начин ја пренесува својата страст и техничко знаење. Темата за Пелистер беше за мене привлечна бидејќи ја сакам планината и често фотографирам прекрасни глетки таму. Убаво е и во зима и во лето. Сметам дека што и да се фотографира на Пелистер ќе изгледа убаво. Се надевам дека моите фотографии комуницираат со посетителите на изложбата и ги предизвикуваат да го искусат Пелистер во сите негови облици.Целото визуелно искуство на отворено, беше  дополнето со вкусна храна и топли напитоци од  мезе бар Јагода. А музиката со DJ FICHI  го дополнуваше целoто доживување.Инаки, менторот за оваа работилница, Љубомир Стефановски, ко-автор и режисер на македонскиот филм номиниран за Оскар „Медена земја“, го започна своето фотографско патување пред многу години, токму на Пелистер. Страста на Љубомир за фотографии за планината, при неговото менторирање отвори еден нов свет. Тој не можеше да присуствува на изложбата  заради работни обврски. 

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »