Press "Enter" to skip to content

На 79 роденден на ФК Пелистер, стадионот под Тумбекафе доби рефлектори (фото)

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес слави 79 години од своето постоење, а токму денес на роденденот на клубот, фудбалскиот стадион под Тумбекафе во Битола кој од пред неколку години го носи името “Петар Милошевски“ е поставен првиот од двата големи столбови со рефлектори, кои ќе овозможат играње на ноќни фудбалски натпревари во Битола.Според зборовите на екипата која ги “крева“ столбовите, утре ако не врне дожд, односно ако дозволат временските услови ќе биде поставен и вториот столб, за што сите подготвителни работи се завршени, а големиот кран е поставен за подигање.Инаку, на денешен ден во далечната 1945 година во Битола и официјално е формиран клубот под име Пелистер, иако фудбал се играло и порано.На самите почетоци се натпреваруваше во Македононската фудбалска лига, а потоа и во фудбалската Прва лига на Југославија. По осамостојувањето на Македонија, “пелистерци“ два пати се освојувачи на Купот, а мометално се натпреваруваат во Втората лига. 

More from ВестиMore posts in Вести »