Press "Enter" to skip to content

Одржан мирен протест на Синдикатот на УКЛО Битола

Синдикатот на вработените на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола одржа мирен протест пред зградата на Ректоратот, истовремено со синдикатите  на уште четири јавни универзитети: УГД – Штип, ДУТ, „Мајка Тереза“ – Скопје и „Св. Апостол Павле“ од Охрид.  Причина за незадоволството се непотпишните колективни договори со основачот на јавните универзитети, што вработените во овие установи ги стави во нерамноправна и нееднаква положба, иако целосната и комплетна документација пред повеќе месеци е доставена во македонското Собрание.

Претседателот на Синдикатот на УКЛО, проф. д-р Саша Дуковски од мирниот протест порача дека синдикалната борба е оправдана, вработените на УКЛО и другите јавни универзитети заслужуваат позиција соодветно на општествената дејност како носители и двигатели на секој напредок.„Во почеток од декември испративме предупредувачко писмо дека веќе истекува моментот за потдпишување на колективен договор. Во текот на февруари, оваа година, беше ставен во оперативна употреба и колективниот договор од УКИМ и беа исплатени платите по новиот колективен договор. Веднаш потоа, сите пет универзитети, односно сите пет синдикални организации на универзитетите, испративме барање за итен прием со преседателот на Собрањето. На 15 февруари бевме приемени од пртседателот Митревски и му беше кажано дека ние ги имаме доставено сите документи од наша страна и дека од нивна страна, ако имало проблеми за некој документ, требало да не информираат. Потоа дојде до ситуација дека ќе биде побарано од страната на надлежните институции да се најде модус. Во меѓувреме беше побаран и прием кај премиерот, но не се одржа и затоа, веднаш после тоа, ние закажавме, сите пет синдикати да се одржат мирни протести со дигнитет и достоинство“, посочи претседателот на Синдикатот на УКЛО, проф. д-р Саша Дуковски.

Поддршка на Синдикатот и синдикалните права на вработените на УКЛО и другите јавни универзитети од име на раководството изрази и ректорот, проф. д-р Игор Неделковски кој се заложи за трајно регулирање на правата и обврските на вработените на јавните универзитети, вклучително и УКЛО. Тој истакна дека на премиерот Џафери, при денешната посета на УКЛО, му предочил дека ваквата ситуација, без разлика кои се причините, значи не само правен акт на дискриминација, туку девалвација, бидејќи професорите, вработените и студентите на сите јавни универзитети се вработуваат под еднакви услови и извршуваат еднакви работни задачи. Оваа состојба, значи дека нашите професори и вработени се 22% помалку вредни од професорите на УКИМ, но што е уште пострашно, тоа значи дека нашите студенти посетуваат 22% понеквалитетна настава, бидејќи добиваат знаење од професори и вработени кои се за 22% помалу платени од своите колеги. Но, за крај, дозволете да ја прочитам пораката која ја добив од председателот на парламентот:“Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети на денешната координација, тоа се мисли координација на претеничките групи, донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образовање со која ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите на сите. На овој начин го унапредуваме стандардот на сите вработени во високообразовната дејност, но и инвестираме во образованието и во иднината на младите генерации.“

Мирниот протест заврши со недвосмислено искажана одлучност дека здружените синдикати остануваат обединети за враќање на заслужениот дигнитет и доколку не се пристапи кон потпишување на колективните договори се најавува дополнителен синдикален притисок и масовност за актуелизирање на барањата за угледот на вработените во високото образование, за уважување на нивните работнички права, што е многу повеќе од борба за достоинствени плати.

More from ВестиMore posts in Вести »