На 6 март 2024 во среда, со почеток од 12 часот во хотел Милениум -Битола ќе се одржи панел дискусија ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРО ДОМУВАЊЕ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА каде разговараме за можностите за подобрување на домувањето на ромското население во населба Баир. Споделуваме искуства, предизвици и можности.
Во населбата Баир во Битола, ромското население е изложено на предизвици поврзани со домувањето. Според Членот 25 од Универзалната декларација за човекови права, секој човек има право на соодветен животен стандард, вклучувајќи храна, облека, домување и медицинска нега.
На панел дискусијата свои видувања и искуства ќе споделат:
-Д-р Анастасија Трајковска-Национална урбана експертка во проектот БАИР: Тема: Потреби, можности и предизвици за социјално домување
-Ерол Адемoв -Виш референт за односи со заедниците во Општина Штип Тема: Добри практики за социјални стамбени куќи во општина Штип
-Климентина Ѓорѓиоска- менаџерка на проектот БАИР Тема: Научени лекции за подобрено домување и социјална инклузија на Ромите во Општина Битола.
Активностите се реализира во склоп на проектот “БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, финасиран од ЕУ, реализиран од ЦОСВ, Преда Плус Фондација и Општина Битола.






