Боксерот на боксерскиот клуб Пелистерски јунак од Битола продолжува со меѓународните настапи, а негова следна боксерска дестинација е Будва, Црна Гора, каде ќе настапи на Светскиот боксерски куп за млади “Јадрански бисер“.
На Купот настапуваат 152 боксери и 93 боксерски од целиот свет.
Битола и Македонија ќе ја претставува репрезентативецот Ардијан Рустемовски кој доби тежок противник на отворањето на натпреварувањато, кој започнува денес, 5 март.
-Имама добар млад боксер кој го докажува квалитетот од борба во борба, а се надевам дека ќе се претстави и на овој куп во најдобро светло, иако има тежок противник, вели тренерот на репрезентацијата и на Пелистерски јунак, Петровски Јове – Оцо.
Ардијан Рустемовски во Будва ќе настапи во категорија до 54 килограми, а за противник ќе го има Вјачеслав Рогозин од Русија.