Press "Enter" to skip to content

Атанасијевиќ: ќе се покажаме во подобро светло отколку против Колштад во Битола

Екипата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола утре со натпреварот во Норвешка, против екипата на Колштад, ги завршува натпреварите во Лигата на Шампионите.

На официјалната прес конференција пред заминувањето за Норвешка, зборуваше младиот Павле Атанасијевиќ, кој рече:

-Колштад е одличен тим, составен од многу врвни играчи. Напорно тренираме и мислам дека ќе бидеме подготвени за тоа што нè очекува. Веруваме дека ќе се покажеме во подобро светло за разлика од првиот натпревар што го одигравме со овој противник во Битола. Двете екипи не успеавме да обезбедиме елиминациона фаза и затоа мислам дека ќе одиграме возбудлив натпревар, а ние секако дека ќе до дадеме максимумот. Тренерот ми дава поголема минутажа во одбраната што секако дека треба да ја оправдам. Секој играч си има свои задачи и тие треба успешно да ги одработиме.

More from ВестиMore posts in Вести »