Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопштуваат од УХМР.
Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата.
Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.
Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.