Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно и посвежо со врнежи од дожд, температурата до 10 степени

Денес, вторник, 5 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, среда, 6 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »