Press "Enter" to skip to content

Во skill:up во Битола предавање за односот помеѓу децата и технологијата (фотогалерија)

Во просториите на Академијата за програмирање за деца skill:up во Битола, се одржа предавање посветено на односот помеѓу децата и технологијата.Лиценцираниот психолог, Жанета Ристeвска, го претстави часот со фокус на предности и недостатоци на употребата на технологијата кај децата. Со растечката примена на технологијата во секојдневниот живот, важно е да се разберат последиците за децата.

На овој час, се истакнаа предностите на употребата на технологијата, како што се подобрување на креативноста и развојот на различни вештини, но и недостатоците, како што се негативниот влијанија врз здравјето и социјализацијата. За успешна интеграција на технологијата во животот на децата, потребно е правилно управување.Родителите и наставниците имаат клучна улога во обезбедување на баланс помеѓу времето што децата го поминуваат пред екрани и времето надвор од нив, како и во поддршката на креативни и образовни употреби на технологијата.Овој настан беше одлична можност за родителите и професионалците во образованието да стекнат дополнителни знаења и да заминат со совети за правилна употреба на технологијата кај децата.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »