Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Радовиш во дербито против Детонит

Детонит Плачковица – Пелистер 1:0 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола во рамките на вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига, го забележа првиот пролетен пораз, по три победи, од екипата на Детонит Плачковица, дерби натпревар кој се одигра на градскиот стадион во Радовиш.

Натпреварот резултатски беше отворен во 19. минута со голот на Стефан Бабунски во 19. минута, кој гол се покажа дека беше одлучувачки за тој кој ќе биде победник.

Во второто полуврме, по оправдано досуден пенал за екипата на Пелистер, капитенот Благој Љамчевски, не успеа да погоди во мрежата, а одлично реагираше домашниот голман.

И по 19. кола екипата на Пелистер останува на 2. место на табелата со 42 бода, а по победата екипата на Детонит се доближи само на еден бод разлика до Пелистер на 3. место. Лидер на табелата е екипата на Беса со 50 бодови. Во борбата за висок пласман останува е екипата на Арсими која сега има 35 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »