Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: избегал од полиција се заклучил в гаража го привеле, физички напад, приведувања за физички напад и нарушување јавен ред и мир…

На 04.03.2024 во 23.50 часот на  ул.„Нико Фундали” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 39 годишно лице од Битола. Имено, околу 23.35 часот на ул. “Васко Карангелевски“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола дале знак за запирање на возило “тојота рав 4“, кое го управувал пријавениот, но возилото продолжило со движење. Полициските службеници со службено возило го следеле и откако влегле во подземна гаража од станбена зграда, приведеното лице ја затворил вратата и не сакал да ја отвори. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 04.03.2024 во 23.30 часот во СВР Битола, Д.И.(53) од Битола пријавил дека бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 04.03.2024 на ул.„Буковски Мост” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 42 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет нападнал 29 годишник од Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2024 во 21.15 часот во угостителски објект на ул. “Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 37 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

На 04.03.2024 во 22.00 часот во СВР Битола, З.Ѓ. (59) од Битола пријавил дека во близина на комплекс Безистен бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »