Press "Enter" to skip to content

Ангела Ристевска и Јаков Мицевски денес на прв ФИС детски натпревар во Грција, во оваа сезона

Денес и утре на Парнасос, Грција се одржуваат ФИС детски натпревари, а боите на Пелистер од Битола ги бранат Ангела Ристевска и Јаков Мицевски.

Ова е прва меѓународна детска трка за “пелистерци“ оваа сезона, временските услови во Битола и на другите скијачки терени кај нас, допринесоја да се откажат или да се презакажат натреварите со надеж дека ќе имаме снег до крајот на сезоната.

-За ова е прва трка оваа сезона за младите битолски скијачи. “Лошите“ временски услови за скијачите, само со неколку дена во кои имаше снежни врнежи не дозволија ни тренинзи ни натпревари. Буквално Ангела и Јаков без тренинг, односно само со еден ден тренинг пред натпреварот во Грција, влегуваат во трката, но се надеваме на добра трка на двајцата наши членови, ни рекоа по вибер комунинација од ски-клубот Пелистер.

 
More from ВестиMore posts in Вести »