Press "Enter" to skip to content

Бранислав Ангеловски: нема неважен натпревар во Лигата на шампионите

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола денес ја затвора годинашната Лига на Шампиони, која ја започна во септемви во Битола против екипата на Колштад, со која денес и ја затвораат, со натпреварот во Норвешка.

“Пелистерци“ се во Норвешка, а тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, на средбата со новинарите потенцираше дека секој натпревар во Лигата на шампионите е важен.

-Нема неважен натпревар во Лигата на шампионите. Ние треба да славиме што бевме дел од ова натпреварување, да играме со такви европски велесили. Со овие натпревари ќе извлечеме поука и ќе видиме уште колку работа нè чека во иднина за да бидеме во егал со овие екипи.  Одиме да се надигруваме со норвешкиот шампион и да извлечеме позитивен резултат. Пред управата ветивме дека ние како тим на секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се спремаме за да славиме. Како ќе биде овој пат ќе знаеме по завршувањето на натпреварот. Треба да сфатиме дека овој натпревар го играме првенствено за нас, како индивидуи, а потоа и за клубот, градот и државата, бидејќи ние ги претставуваме Битола и Македонија. Сакаме да ја завршиме оваа авантура со добар натпревар и потоа сите да се насочиме кон првенството и Купот на Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »