Press "Enter" to skip to content

Во “BV Bussines Group“ жените “Не само рамноправни секогаш во првите редови“

По повод 8-ми март денот на жената, во серијалот  „Не само рамноправни секогаш во првите редови“ објавуваме интервјуа со жени кои секојдневно прават чекор напред кон успехот во различните дејности во кои тие делуваат. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и се стремат да ја постигнат целта која си ја поставиле на професионален план. Овој пат Ви го пренесуваме разговорот со дел од менаџерскиот тим на “BV Bussines Group“.

Првото интервју го започнуваме со Елена Неделковска – директор и воспитувач во приватната установа за деца Мали генијалци”.

Kако се справувате со предизвиците во своjaтa улогa како жена на менаџерскa позициja ?

-Ако сакаш некаде да стигнеш, мора да знаеш каде одиш, мора да се има некоја цел, некој зацртан пат, некоја точка до која сакаш да дојдеш. Можеби е клише, но кога станува збор за работа со деца, мора безусловно да ја сакаш работата. Професионалниот старт го започнав како воспитувач во градинка, и истиот ми беше потврда за правилниот кариерен избор веќе 10 години. Добар организатор, флексибилност во пристапот кон децата, постојано следење на  резултатите од својата работа и стручно усовршување, справување со секојдневните проблеми, умеење да се превземе одговорност  за напредокот на децата,и да се биде осетлив на  специфичните потреби на секое дете се дел од приоритетите кои ми се  двигатели за успешно справување со предизвиците.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусилекако жена во менаџерска позиција ?

-Квалитетот на искуствата кои детето ги стекнува во првите години од животот се од курцијална важност, бидејќи подоцна тоа се рефлектира (позитивно или негативно) низ целиот негов живот. Насочувањето на оваа правилна патека во животот на секое дете поединечно, со што ќе му се овозможи да го развие својот потенцијал како и напредок  е најголемиот предизвик за мене.

-Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководнa позициja ?

-Доколку целта е да се постигне најдоброто од себе и ефикасно да се води компанија, од клучно значење е да се даде приоритет на вашата рамнотежа помеѓу работата и животот и да се грижите за себе. Моите двигатели за постигнување на баланс се отворена комуникација, поставување на граници, контролирање на ветувања и постигнувања, како и добра организација на времето.

-Кои се Вашите севети за други жени се стремат кон менаџментски улоги ?

Мојот совет за жените кои се стремат кон лидерски позиции е да негуваат доверба во своите способности, активно да бараат можности за менторство и да се залагаат за себе истакнувајќи ги своите достигнувања. Дополнително, постојано усовршување на вештините преку професионален развој се клучни елементи за постигнување успех во лидерските улоги.Марија Јанкуловска – директор на финансии и сметководство во “БВ Инженеринг”

Kако се справувате со предизвиците во своjaтa улогa како жена на менаџерскa позициja ?

-Работењето во успешна компанија како “BV Business Group” носи свои секојдневни предизвици. Одговорното и навремено извршување на работните задачи е основен предуслов за постигнување на зададените цели. Нашата компанија е лидер на пазарот во областа на градежништвото и бележи значаен раст од година во година. Со растот на компанијата се зголемува обемот на задачите на кои треба да се одговори, а тоа претпоставува и индивидуален раст, развој и континуирано професионално усовршување. Како посебен предизвик во работата би го споменала управувањето со тимот, тимскиот дух и тимската работа. Било кој менаџер не може да биде успешен без тим на кој може да се потпре. Отвореноста во комуникацијата, соодветна распределба на задачите на членовите на тимот и вложување во професионалиот развој на секој член од тимот се императив за постигнување на најдобри резултати.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена во менаџерска позиција ?

-Големите бизниси се поврзани се големи обрти на средства. Како посебен предизвик во работата се јавува соодветната и оптимална распределба на финасиските средства на компанијата и одржувањето на нејзината ликвидност и солвентност на највисоко можно ниво. Втор, но не помалку важен предизвик се финансиските извештаи и ажурното финансиско известување. Навременото доставување на финансиски извештаи до раководството, подразбира и навремено донесување на одлуки, што последователно доведува и до подобри финансиски резултати

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководнa позициja ?

-Балансирањето на професионалните и личните ангажмани е можно со добра организација на сопственото време. Важно е да знаете дека имате способност и моќ да ги завршите квалитетно сите обврски на работното место и да се посветите на семејството и на себе во слободното време. Сметам дека тоа подеднакво важи и за мажите и за жените. На работа ме водат искуството и знаењето што го имам и одговорноста што доаѓа со позицијата. Дома сум мајка и сопруга и тоа е време за семејството, време за емоции и уживање со најблиските. Потоа, тука е и времето посветено на себе, дружење со пријателите, уживање во добра книга, релаксација, шопинг.

Кои се Вашите севети за други жени се стремат кон менаџментски улоги ?

-Се може да се постигне со добра организација, одговорност, посветеност и трудољубивост. Вложувајте во себе, надградувајте се во секој аспект од животот, професионално и приватно. Колку сте посигурни во себе, во знаењето кое го поседувате и способноста да одговорите на предизвиците кои ги носи професионалниот ангажман, толку полесно и поквалитетно ќе ги постигнувате зацртаните цели. Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за друга. Треба да се грижиме едни за други. Бидете храбри, бидете силни и пред се бидете љубезни.   Нада Циндриќ по професија е дипломиран еконоимист по финасии и сметководство во моментот е финансиски директор  на “Про Енерго Дооел”, “Конкрит компани Доо”, “Мегагруп компани Дооел”.

Kако се справувате со предизвиците во своjaтa улогa, како жена на менаџерскa позициja ?

-Мојот работен ангажман во дел од компаниите на “BV Bussines Group”  започна пред  5 години. Предизвиците започнаа со самото тоа што се работи за компании кои се занимаваат со различни дејности и со различен обем на работа. Со оглед на моето долгогодишно искуство како овластен сметководител спрвувањето со истото не беше голем предизвик за мене.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена во менаџерска позиција ?

-Со моето долгогодишно искуство всушност секој предизвик претставува можност да се научи нешто ново, особено во дејности во кои до сега не сум ги работела.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководнa позициja ?

-Балансот кој треба да се постигне помеѓу работните и личните обврски се постигнува единствено со добра организација на сите активности кои влегуваат во агендата на еден ден.

-Кои се Вашите севети за други жени се стремат кон менаџментски улоги ?

Менаџерската функција носи одговорности кои без верба и љубов во она што го работите не можите да го постигнете. Верувајте во себе и успехот ќе си дојде сам посебе.