Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер немоќен во Трондхајм, со пораз се прости од ЛШ!

Колштад – Еурофарм Пелистер 34:27 (17:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола во рамките на последното коло од Лигата на Шампионите забележаа нов пораз со резултат од 34:17, полувреме 17:13. “Пелистерци“ на теренот во Норвешка настапија без носителите на играта, односно со подмладен состав. По овој пораз Еурофарм Пелистер останува со нула бодови на салдото на табелата по 14 одиграни кола.

Натпреварот започна со водство на домаќините, а потоа се играше рамноправно (5:3), а потоа дојде и до 9:3, а и 11:4. На одмор се замина со резултат 17:13. 

Во второто полувреме расположениот Борзаш погодуваше од тешки позиции и го држеше тимот во каков-таков баланс, а Еурофарм Пелистер дојде најблизу на -4. Домашните дојдоа со највисоките +7 (28:21). “Пелистерци“ одговорија со добра серија и намали на -3 (28:25). Сепак, Колштар одговори со два погодоци и последните неколку минути беа речиси формалност. 

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер Урош Борзаш со 11 погодоци, а Кузманоски, Танкоски и Ѓорговски погодија по три пати.

More from ВестиMore posts in Вести »