Press "Enter" to skip to content

Панел дискусија: поддршка за подобро домување на Ромската заедница (фото)

ЗАЕДНО ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА е слоганот со кој се реализира кампањата за поддршка на подобро домување на ромската заедница која што се реализира во склоп на проектот “БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, финасиран од ЕУ, реализиран од ЦОСВ, Преда Плус Фондација и Општина Битола.Во склоп капањата се организира панел дискусија каде разговараме за можностите за подобрување на домувањето на ромското население во населба Баир. Споделуваме искуства, предизвици и можности.Во населбата Баир во Битола, ромското население е изложено на предизвици поврзани со домувањето. Според Членот 25 од Универзалната декларација за човекови права, секој човек има право на соодветен животен стандард, вклучувајќи храна, облека, домување и медицинска нега.“Целта на овој панел не е да понуди конечни решенија туку да поттикне конструктивна дискусија и да истакне стручни видувања, сугестии и позитивни искуства во насока на обезбедување поголема социјална инклузиа и подобри услови за домување на  ромската заедница во населба Баир во Битола. На овој панел ќе дадеме резиме на досегашните постигнувања и напори во склоп на проект Баир, ќе споделиме научени лекции, позитивни примери за социјално домување од други oпштини и стручни видувања за можностите и предизвиците за адекватно социјално домување за ромската заедница во општина Битола. Подобрувањето на домувањето игра клучна улога во обликувањето на социјалната и економска динамика на една заедница. Подобрените услови за домување креираат основа за социјална инклузија, каде што сите жители имаат пристап до истите услуги и можности. ”- изјави Лидија Ангелкова, од Преда плус Фондација, модераторка на панел дискусијата.“Иако знаеме дека сеуште постојат многу нерешени прашања и инфраструктурни проблеми во населбата Баир, сепак сакам да нагласам дека, во изминатиот двегодишен период со сите активности реализирани во рамките на проектот “БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, преку заедничко делување со ромското население, невладиниот сектор и вмрежување на сите институции во локална надлежност, успеавме да придонесеме кон подобрување на условите и да поставиме добри основи од кои мора да се продолжи активно да се работи, за да може да имаме задоволни граѓани кои ќе имаат се помалку тешкотии во секојдневното функционирање. До крајот на реализација на проектот Баир, очекуваме и изработка на три Детални урбанистички планови во опфат од 30 хектари. Сите тие активности ќе помогнат за поорганизирано делување во иднина и полесна реализација на проекти од витално значење за населбата Баир, како во делот на водоводната, канализационата мрежа, така и од аспект на патната инфраструктура.Повторно, ќе нагласам дека треба да се направи уште многу, но добро е што веќе имаме дефиниран правец, во кој дејствуваме заедно, со одредување на приоритетите, согледување на можностите и дефинирање на конкретни активности и проекти. Очекувам и денешната панел дискусија, да даде издржани предлози кои понатаму ќе бидат од голема помош за работата на локалната самоуправа во поглед на подобрување на домувањето на ромското население. “-истакна Тони Коњановски-градоначалник на Општина Битола

На панел дискусијата свои видувања споделија:Д-р Анастасија Трајковска-Национална урбана експертка во проектот БАИР

Тема: Потреби, можности и предизвици за социјално домување

“Голем е предизвикот да се биде дел од тимот и да се придонесе за подобрување на животните услови во една супстандардна населба како што е нашиот битолски Баир. Пристапот кон решавањето на проблемите во супстандардните населби, мора да вклучи подлабоко разбирање на комплексноста и суптилноста на заедницата која живее таму и  поширокиот контекст на просторот во кој егзистираат. Направени се сериозни чекори кои  ќе овозможат стабилна подлога за урбана рехабиитација на оваа насеба, секако во еден партиципативен и инкузивен процес со граѓаните кои живеат таму. Акциите кои треба да се направат се јасни, неопходно ни е дефинирање на динамиката на нивната реаизација поддржана од националната и локалната власт.“Ерол Адемoв -Виш референт за односи со заедниците во Општина Штип

Тема: Добри практики за социјални стамбени куќи во општина Штип

“Како вработен во Општина Штип јас сум линк помеѓу локалната самоуправа и ромската заедница во однос на решавањето на проблемите на ромската заедица и артикулирање на нивните потреби. Ова го истакнувам како осбено важно во процесот на канализирање на потребите во јавните политики во Општината. Вклучувањето на претставници од ромската заедница во јавните институции дава голем придонес во подобрување на социјалната интеграција на ромското население.  Ваквиот начин обезбедува поголема инклузија на ромското население и стратегиска заложба за долгорочно решавање на проблемите на ромската заедница. Оваа година, во општините Штип и Берово преку проект финасиран од ЕУ, обезбедуваме трајно решавање на стамбеното прашање на 41 ромско семејство во Штоп. Овде сум денес со моите колеги да го пренесам позитивното искуство и холистичкиот пристап  во социјалната инклузија на ромската заедница во општина Штип, како пример кој може да се преслика и во Општина Битола за подобрување на домувањето на ромската заедница во населба Баир“Top of FormBottom of FormКлиментина Ѓорѓиоска- менаџерка на проектот БАИР

Тема: Научени лекции за подобрено домување и социјална инклузија на Ромите во Општина Битола

“Фундаменталната заложба на проектните партнери на БАИР е постигнување социјална инклузија на ромската заедница во Битола. Низ активностите на проектот, процесот на инклузија е евидентен. Се остваруваше преку интеракции на ромската заедница со општинската администрација, соработниците од приватниот сектор и националните и меѓународните експерти. Но, социјалната инклузија е процес, што не може да се мери квантитативно, а се случува на хоризонтално и вертикално ниво. Во исто време, значи пристап до образование, здравство, вработување и домување. Во рамки на проектот БАИР, во изминатите 38 месеци реновирани се 26 домаќинства и во соработка со Општина Битола легализирани се 45 објекти. Во овој момент се финализира изработката на 3 детални урбанистички планови за населба Баир со опфат од 30 хектари. Но, ова не е доволно, зашто предизвиците и обврските и натаму продолжуваат.За адекватно домување потребно е да се легализираат објектите (со контрола на изградбата и квалитетот на користениот материјал), преку обезбедување стабилни и безбедни градби и надминување на структурните проблеми. Да се реши проблемот со супстандардното домување како урбан феномен со сериозни импликации во формалниот систем на урбанистичко планирање и сложени социо-економски релации. Во исто време да се креира рамка на делување адаптирана на хетерогеноста на ромските населби.Крајно, за успешно третирање и решавање на прашањата на социјална инклузија и домување, императивно е да се аплицира колаборативен пристап на инволвираните страни што значи споделена одговорност, отчетност, ресурси, контрола и ризик со цел споделени награди и успеси. “

More from ВестиMore posts in Вести »