Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен разбојник кој одзел пари во “кладилница“, сопруг нападна сопруга, каснување од куче скитник

На 05.03.2024, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 28 годишник  од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 од Кривичниот законик.   Тој се сомничи дека на 09.02.2024 во спортска обложувалница на ул. „Охридска” во Битола со закана кон вработени одзел пари. По преземени мерки било дојдено до сознанија дека тој е сторителот, по што, подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и возило и биле пронајдени предмети за кои постоои сомнение дека се поврзани со делото. Тој бил приведен и во службен разговор во полициска станица го признал делото.  

На 05.03.2024 во 19.10 часот во СВР Битола, 25-годишна битолчанка пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.03.2024 во 16.00 часот во СВР Битола, Д.Т. (57) од с.Кравари, општина Битола, пријавил дека на ул. „Север-Југ” бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »