Двајцата млади скијачи на скијачкиот клуб Пелистер од Битола успешно се претставија на FIS Children велеслалом во Парнасос, Грција.
Ангела Ристевска во втората трка од натпреварувањето се бореше зa подиум, но заврши на 4. место во FIS Children велеслалом.
Јаков Мицевски добро ги “извози“ двете трки за пласман и заврши со за него 14. место.
-Резултатите се уште поголеми со оглед дека оваа сезона снегот нè заобиколи во целиот регион. Се насдеваме дека ќе имаме до крајот на сезоната уште некоја трка и, секако да освоиме медал, истакнуваат од скијачкиот клуб Пелистер.