Press "Enter" to skip to content

Ангела Ристевски на 4. место, Јаков Мицевски на 14. во FIS Children велеслалом во Грција

Двајцата млади скијачи на скијачкиот клуб Пелистер од Битола успешно се претставија на FIS Children велеслалом во Парнасос, Грција.

Ангела Ристевска во втората трка од натпреварувањето се бореше зa подиум, но заврши на 4. место во FIS Children велеслалом.

Јаков Мицевски добро ги “извози“ двете трки за пласман и заврши со за него 14. место.

-Резултатите се уште поголеми со оглед дека оваа сезона снегот нè заобиколи во целиот регион. Се насдеваме дека ќе имаме до крајот на сезоната уште некоја трка и, секако да освоиме медал, истакнуваат од скијачкиот клуб Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »