Press "Enter" to skip to content

За денес закажана е 38. седница на Советот на Општина Битола, ќе се расправа за завршната сметка на Општина Битола, најавени и други точки

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска за денес, 7 март, ја закажа 38. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10 часот.

Според предложените точки на Дневиот ред ќе се расправа за извршување на Буџетот за 2023 година, за заврршната сметка на Општина Битола, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за денес најави дека ќе предложат и нови точки за кои сакаат да се расправа и донесат одлуки. Ќе се расправа и за формирање на работно тело и именување на членови за изработка на нова Програма за поставување на урбана опрема на територија на Општина Битола.

Предлогот на Дневнио ред е:

1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Битола во четвртиот квартал од 2023 година.

2. Завршна сметка на општина Битола за 2023 година.

3. Годишен извештај на општина Битола за 2023 година.

4. Информација за безбедносната состојба на подрачјето на ПС-ОН Битола во текот на второ полугодите од 2023 година.

5. Решение за формирање на работно тело и именување на членови за изработка на нова Програма за поставување на урбана опрема на територија на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »