Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени украдени стотина железни ролни од РЕК “Битола“, фатен крадец на самото место, каснување од куче скитник

На 06.03.2024 во 21.45 чaсот, полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.236 од КЗ, лишиле од слобода две лица на возраст од 40 и 55 години  од Битола. Имено, при преглед на патничкото возило “нисан” и личен преглед пронајдени и одземени се околу сто ролни железни кои се предмет на кражба и сопственост на РЕК Битола. Предметите се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

На 06.03.2024 во 15.50 часот полициски службенци од СВР Битола  на ул. „Индустриска” во објект -магацин сопственост на В.Б. (44) од Битола фатено е лице на 33 години од Битола при извршување на Тешка кражба во обид по член 236 при што одземена му е вреќа со различни видови на кабли. Предметите се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот против Е.А. ќе следува соодветна пријава.

На 07.03.2024 во 07.35часот во СВР Битола Н.К. (67) од с.Трново,битолско пријавил дека на патот за Националниот парк Пелистер бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »