Press "Enter" to skip to content

“Успесите на Македонската жена“ трибина во чест на Денот на жената во Економско во Битола (фотогалерија)

Воочи празникот на жената во СОЕУ „Јане Сандански“ Битола се одржа настан  “Успесите на македонската жена“ кое беше едно патување низ блиската историја на македонската жена под име “Успесите на македонската жена“ кое претставуваше едно патување низ блиската историја на македонската жена.  

На истиот ученички од 1 и 2 година преку видео презентации зборуваа за храбри, силни и успешни жени низ нашата историја кои оставиле трага во времето кога живееле и твореле.  “Битолските учителки – творци на знамето за Илинеденското востание“ ги претставија ученичките Аида Заими и Евгенија Лавуровска, а “Крушевските курирки на МРО“ – Ивана Марковски, Емилија Ковачевска и Евгенија Михајловска.За Рајна Алексова првата  жена фармацевт во Македонија и на Балканот. Работела во фамилијарната аптека лоцирана на „Широк сокак“ во Битола – Ивана Цветковска и Михаела Велевска. За „Народен херој Елпида Караманди“ Јована Симоновска и Емилија Илијевска. За  Атина  Бојаџи југословенска и македонска маратонка во пливање.- Елена Стаменковска и Теодора Трпоска.  На настанот присутните ги поздрави м-р Биљана Јанкуловска, директорка на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола со инспиративно обраќање:-Го започнавме второто столетие на нашето постоење каде со гордост можам да кажам дека СОЕУ” Јане Сандански” е синоним за претприемичко училиште. За жените во претприемништвото најважно е поттикнувањето и поддршката, а токму тоа го правиме ние како економско училиште и сме првото скалило на кое започнуваме да ги воведуваме нашите ученици, а со тоа и идните жени, во вештините и знаењата на претприемништвото. Бидејќи родовата еднаквост претставува и економско прашање, ние како училиште сме длабоко свесни за значењето на тој момент и тоа го препознаваме.  Затоа, во оваа прилика, сакам само да напоменам, дека, неопходно е не само ние како училиште да создаваме, подржуваме, охрабруваме и поттикуваме идни жени претприемачи, туку тоа да го прави и возрасната, пошироката заедница и општеството, бидејќи економско независните жени се силни жени. Жените претприемнички треба да се охрабрат, да бидат поддржани, да веруваат и да се осмелат да тргнат кон остварување на својот сон. Денес пред празникот на жената Осми Март го подготвивме овој настан и на ваков начин ќе го одбележеме со потсетување на жени силни, храбри и успешни низ нашата историјата, додаде Биљана Јанкуловска.Потоа ја покани д-р Наташа Несторовска која го завршила средното образование во СОЕУ „Јана Сандански“, а  денес на менаџерска позиција  во Стопанска банка АД Битола и  член на Управниот одбор на училиштето, која се обрати со зборовите:-Борбата за рамноправност на жените низ историјата и нејзината се поголема вклученост во општествениот и економски живот воопшто покажува дека жената умее и знае да биде активен чинител во секој сегмент и дека организациите каде има повеќе жени во раководните структури покажуваат поголеми успеси. Според емпириските истражувања поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. Стапката на вклученост на жените во регионот на Западен Балкан во просек е околу 45%, додека во ЕУ оваа стапка е околу 70%. Во нашата држава податоците се слични со стапка на активност нажените од 45-46%, за разлика од стапката на активност на мажите е околу 65%. Овој јаз помеѓу мажите и жените уште повеќе се продлабочува особено во периодот после пандемијата кога бројот на жени кои го напуштаат работноте место е многу поголема во споредба со мажите, заради потребата од грижа за децата и семејството.-Меѓутоа кога зборуваме за економија и финансии евидентни се податоци на поголема вклученост на жените во овие професии. Добар пример се објавеноте податоци на Народна Банка на РСМ каде што застапеноста на жените е висока , вклучително и на раководни функции со оклу 70% во просек, Со овие податоци нашата Централна банка е рангирана како прва во светот според бтројот на раководни позиции на кои стојат жени во светотл рече Несторовска. Настанот заврши со порака на Фрида Кало, една инспиративна и мотивирачка мексиканската уметница, која долги години врзана за креветот рекла “Стапала што ќе ми сте, кога имам крила да летам”.  „Сите заедно, да ги претвориме предизвиците во нови можности”. На присутните гостинки им беа подарени црвени ружи во чест на Денот на жената- 8 ми Март.

Ж. Ристевска

 

More from ВестиMore posts in Вести »