Press "Enter" to skip to content

Бизнис академија Смилевски – БАС за Денот на жената 8 ми Март (фотогалерија)

Бизнис академија Смилевски – БАС како општествено одговорна образовна институција и оваа година на припадничките на понежниот пол им го честита 8 ми Март – Денот на жената.Студентите од БАС со големо внимание, посветено и одговорно ја посетија партнерската организација Фустеларко борец од Битола и со многу љубов и цвеќе ги израдуваа сите жени во оваа компанија.Вниманието и љубовта продолжи на Широк Сокак во Битола која беше втората дестинација на студенти од БАСкаде подарија цвеќе и им посакаа искрени желби за многу здравје, успех, љубов и радост.Студентите на БАС градат и создаваат вистински вредности и ги негуваат вниманието и поддршката во сите сегменти на денешното општество.