Press "Enter" to skip to content

После повредите против Колштад за Костевски заврши сезоната, Атанасијевиќ ќе одмара три седмици

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колштад се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.

Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Ненад Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.

Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Очекуваме дека Павле Атанасиевич ќе се врати на терените после пауза од три недели.

More from ВестиMore posts in Вести »