Press "Enter" to skip to content

Честитка за 8. Март до сите жени, сопруги, мајки… херои на современото живеење

Денешниот ден 8. Март е посветен на жената која е жена, сопруга, мајка.  

Во трката да биде рамноправна денес жената превзема на себе и премногу обврски кои сакала таа или не, околината-општеството, семејството или таа од себе, ги очекува. Современата жена треба да е добра сопруга, мајка и исто така успешна во нејзината кариера, на работното место. Треба да е расположена, задоволна од себе. При тоа не смее да се жали, не смее да биде ранлива. Се разбира секогаш убаво и средено да изгледа.

Во таа трка со секојдневните обврски и стресот мора да признаеме дека денешните жени се херои на современиот начин на општествено- економски, социјален, политички и културен живот во општеството.

 Очекувањата од околината, но и нејзините очекувања кои сама си ги наметнала да биде совршена  во се, и прави дополнителен стрес, особено  кога таа самата не ги исполни.

Никогаш не си е доволно убава, слаба, млада, совршена во своите очи. За тоа придонеле и наметнатите модни трендови,инфлуенсерите на социјалните мрежи… кои Ви кажуваат како треба да се изгледа или MUST HAVE модни изданија.

Често сето тоа  и влијае на нејзината самодоверба и со тоа и задоволство или незадоволство од сопствениот надворешен изглед.

Секогаш треба да е послушна, благодарна, да не се жали, да не излегува од рамката која ја нематнале нормите и стереотипите.

Не смее да старее бидејќи младоста е таа која се возвеличува 

И немојте да превземате врз себе премногу обврски, сметајќи дека така ќе ви признаат дека сте супержена. И ќе бидете доволно успешни, убави, вредни, совршени… 

Драги мои дами хероината од фимот Барби вели „ Сето ова е премногу и за една кукла која треба да претставува жена. Затоа бидете автентични, тоа што сте, покажувајте ја својата ранливост, креативност, храброст…

Супержени постојат, но само покрај се што прават и задоволни се со себе и со своите постигнувања. Заради тоа и не се оптоварувајте дали имате некој вишок на килограм, целулит, или понекое бело влакно во косата, можеби е резултат на стресниот начин на живот, многубројните и искушенијата кои ги поставува пред вас животот.

Вие и така сте херои на современиот начин на живеење. Лидери каде и да погледнете, дали на високи менаџерски позиции, или домаќинки кои ги воспитуваат своите деца и глави во семејството. Во се разбира, во машкиот свет на воспоставени родови улоги и начин на однесување.

Среќен 8. Март, Суперхерои!

www.bitolanews.mk

More from ВестиMore posts in Вести »